Фирмите бараат работа на Kоридорот 10

Bez autora
Jul 11 2012

Градежниците најавуваат катастрофа, односно многу откази на работници и кратење на платите ако големите домашни градежни компании не добијат дел од колачот од тендерот од Kоридор 10, тежок околу 260 милиони евра, за кој наскоро ќе се дознае кој ја добил работата. Велат дека некој ќе мора да понесе одговорност ако не се обезбеди поддршка за домашниот градежен сектор. Иако се дознава дека фирмата-изведувач е избрана, не успеавме да добиеме одговор од ниедна од надлежните институција која од 15-те понуди е избрана за најповолна и која фирма и за колку пари ќе ја гради делницата Демир Kапија – Смоквица. Неофицијално во јавноста се споменуваше дека италијанските компании „Тото“ и „Тодини“ и грчката „Актор“ дале најатрактивни понуди за изградба на најголемиот инфраструктурен проект годинава, односно последната делница од Kоридорот 10. Синдикатот за градежништво претходно побара да се преиспитаат условите од тендерот бидејќи биле дискриминирачки за македонските градежни компании.

Фирмите бараат работа на Kоридорот 10Градежниците најавуваат катастрофа, односно многу откази на работници и кратење на платите ако големите домашни градежни компании не добијат дел од колачот од тендерот од Kоридор 10, тежок околу 260 милиони евра, за кој наскоро ќе се дознае кој ја добил работата.

Велат дека некој ќе мора да понесе одговорност ако не се обезбеди поддршка за домашниот градежен сектор. Иако се дознава дека фирмата-изведувач е избрана, не успеавме да добиеме одговор од ниедна од надлежните институција која од 15-те понуди е избрана за најповолна и која фирма и за колку пари ќе ја гради делницата Демир Kапија – Смоквица. Неофицијално во јавноста се споменуваше дека италијанските компании „Тото“ и „Тодини“ и грчката „Актор“ дале најатрактивни понуди за изградба на најголемиот инфраструктурен проект годинава, односно последната делница од Kоридорот 10. Синдикатот за градежништво претходно побара да се преиспитаат условите од тендерот бидејќи биле дискриминирачки за македонските градежни компании.

Синдикатот укажа дека домашните фирми не можат да учествуваат на тендерот поради неисполнување на условите за проектна реализација од 250 милиони евра и обрт на средства од 150 милиони евра во последните три години. Според претседателот на Синдикатот, Павел Трендафилов, тоа веднаш ги елиминира домашните фирми. Сега Синдикатот бара ако не главниот колач, големите домашни градежни компании да се ангажираат како главни подизведувачи на овој голем инфраструктурен проект.

- Единствена шанса за спас на градежништвото е обезбедување работа за домашните градежни компании на изградбата на Kоридор 10. Чекаме да видиме која ќе биде компанијата и дали ќе има активна поддршка за домашните градежни компании преку нивно вклучување како главни подизведувачи. Ако добијат дел од работата, н` очекува стабилизација, ако не, катастрофа. И тогаш некој ќе мора да понесе одговорност и да каже зошто не им дал поддршка на домашните компании. С` уште се држи во тајност компанијата што го добила овој проект, тежок околу 260 милиони евра - вели Павел Трендафилов, претседател на Синдикатот на градежништво при ССМ. Според него, ако нашите големи компании се вклучат како главни подизведувачи во овој проект, ќе се амортизира ударот од кризата во секторот градежништво, во спротивно ќе дојде до катастрофа и до отпуштања работници.

Тој смета дека е сосема логично домашни компании да бидат главни подизведувачи бидејќи не е јасно како поинаку странската компанија ќе донесе механизација и човечки ресурси бидејќи ќе треба ангажман на околу 2.000 работници.

Со изградбата на делниците Табановце - Kуманово што заврши неодамна и Демир Kапија - Смоквица, на наша територија Kоридорот 10 ќе биде целосно изграден како автопат. Се работи за изградба на сосема нова траса, паралелна со постојната, во должина од 28,2 километри.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik